ПОДВИГОТ НА АРСЕНАЛ КОЈ НЕ МУ УСПЕАЛ НА НИКОМУ ДОСЕГА
Објавено на: 06.05.2026
Арсенал испиша историја во Лига на шампиони и направи нешто што досега не му успеало на ниту еден клуб.
Со победата од 1-0 против Атлетико Мадрид и пласманот во финалето, тимот на Микел Артета стана првиот клуб во историјата што поминал 14 натпревари во една сезона од Лигата на шампиони без ниту еден пораз.
Победничкиот гол го постигна Букајо Сака, со што Арсенал обезбеди и прво финале во елитното натпреварување по пауза од 20 години.
Досега имало 44 случаи каде екипа стигнала до 14 натпревари во една сезона од ЛШ, но никој не успеал да остане непоразен до оваа фаза.
Оваа генерација на Арсенал веќе влезе во историјата, а сега е на само еден чекор од најголемиот трофеј во Европа.