Тенис

ТОМИ ПОЛ СО НАЈДОБРИОТ ПОЕН ВО 2025 ГОДИНА? (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Томи Пол е ран претендент за најдобар поен во 2025 година.

Во победата над Џенсон Бруксби, Пол успеа да оствари пресврт со 2-1 во сетови, а токму фантастичниот удар му го отвори патот кон 1/8 финалето на турнирот во Далас.

Пол ризикуваше и истрча кон мрежата кога Бруксби се обиде со лоб да го освои поенот, но Томи не се предаде и го стигна топчето и свртен со грбот кон противникот, удри форхенд преку рамо и го матира противникот за оваации на трибините.