Фудбал

АНЧЕЛОТИ НЕ МОЖЕ ДА СОСТАВИ ОДБРАНБЕНА ЛИНИЈА, АЛАБА ПОВТОРНО ВО АУТ

Карло Анчелоти повторно има проблеми со повредени играчи и повторно најмногу страдаше одбранбената линија. Во пресрет на утрешниот дуел против Леганес во Кралскиот Куп, Давид Алаба повторно се повреди и засега не е познато колку ќе паузира.

Австрискиот искусен стопер неодамна се врати на терените по тешка повреда, но сега го чека нова пауза. Од претходно ги нема Карвахал и Милитао, додека и Рудигер се повреди неодамна.

Планот на Анчелоти за утре да ги стави Алаба и младиот Асенсио во централната стоперска линија пропадна, па сега се разгледува опција за Менди да биде прекомандуван на местото на Алаба, или повторно да се ризикува со Чуамени.

За работите да бидат полоши, Реал во сабота игра градско дерби против Атлетико, дуел кој е клучен за трката за шампионската титула во Шпанија. А потоа, плејоф двомеч против Манчестер сити во Лигата на шампионите.