ТОЛКУ ОД КОНТЕ ВО ТОТЕНХЕМ?
Објавено на: 01.01.2023
Сме виделе промени на тренерските позиции и за помали проблеми во Премиерлигата, но ова што му се случува на Тотенхем е сериозен проблем за целата организација.

На последните 5 средби, составот од Лондон има две победи, два пораза и едно реми. Премалку за сериозен клуб каков што е Тотенхем, на чија клупа седи сериозен тренер.

Дојде да ги препороди и да ги направи шампионски тим со шампионска ДНК, но наместо тоа, може ли неговата авантура да заврши неславно? Ќе преживее ли Конте?