ИТАЛИЈАНСКА ТЕЛЕНОВЕЛА, ЕКСИГРАЧ НА МИЛАН И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТЕРНАНА ВО ГЛАВНИТЕ УЛОГИ
Објавено на: 07.02.2025
Игнацио Абате, поранешен фудбалер на Милан, се најде во центарот на италијанска сапуница за време на неговиот ангажман како тренер на третолигашот Тернана.
Имено, Абате вчеравечер бил отпуштен од тренерската функција иако под негово водство екипата е на второто место во сегментот Б од третата италијанска лига, со 3 бода заостаток зад лидерот Ентеља.
Причината за отказот е поради што Абате не одобрил Матија Д’aлесандро да замине на позајмица со цел да се развива и собира искуство на сениорско ниво. Сето ова ќе беше нормално, ако Матија не беше син на претседателот на клубот, Стефано Д’aлесандро, но бидејќи Абате го „опструира“ напредокот на Матија, главниот раководител на клубот му врачил отказ и веднаш назначил негова замена.
По овој потег ситуацијата се влошила, откако целиот тим на Тернана објавил бојкот поради отказот на Абате. Управата веднаш повикала итен состанок на кој присуствувале фудбалерите и претседателот Стефано, а по часови расправија, поранешниот бек на Милан е вратен на тренерската позиција.
Непотизмот цвета во Италија, не?