МОНЦА ГО ВРАТИ НЕСТА ПО 49 ДЕНА ОТКАКО МУ ВРАЧИ ОТКАЗ
Објавено на: 10.02.2025
Управата на Монца ја исправи одлуката да го разреши Алесандро Неста и го врати италијанскиот тренер по само 49 откако беше отпуштен.
Легендата на Милан повторно е на клупата на фенерџијата во Серија А, откако неговата замена Салваторе Бокети не ги поправи резултатите на екипата. Во 7 меча со Бокети, Монца претрпе 6 порази и забележа само еден триумф против Фиорентина во Калчото.
Инаку, и со Неста како предводник, екипата обезбеди само еден триумф во првиот дел од сезоната, односно и две ремија во 20 лигашки натпревари.
Според моменталната состојба на табелата во Серија А, Монца е на пат да испадне од елитата, заостанува 8 бода зад 17-то пласираниот Емполи.