АС ВО РАКАВОТ НА ПЕП? РОДРИ Е РЕГИСТРИРАН ЗА НОКАУТ-ФАЗАТА ВО ЛШ
Објавено на: 07.02.2025
Манчестер сити го потврди финалниот список од 25 играчи кои се регистрирани за нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а на листата изненадувачки се најде Родри.
Освојувачот на Златната топка во 2024 година според првичните прогнози не треба да се врати на терените оваа сезона, поради повредата на коленото кога во првото овосезонско дерби против Арсенал ги скина вкрстените внатрешни лигаменти на коленото. Сепак, Родри е на списокот, што е големо изненадување, иако не е во планот на Гвардиола да настапи во двомечот против Реал Мадрид во плејоф-рундата, дуели кои се предвидени да се oдиграат на 11, односно 19 февруари.
Од четирите зимски засилувања, младиот дефанзивец Витор Рејс е изоставен поради правилото на УЕФА од максимум три нови играчи кои може да се регистрираат по јануарскиот преоден рок. Рејс го нема, но дел од екипата за дуелите во Европа ќе бидат Омар Мармуш, Абдукадир Кусанов и Нико Гонзалес.