ТЕНИСОТ ГО ЧЕКА АЛКАРАЗ, НО ПРОГНОЗИТЕ НЕ СЕ ДОБРИ
Објавено на: 29.07.2026
Сè поголема е неизвесноста околу враќањето на Карлос Алкараз на тениските терени, а последните информации не влеваат оптимизам дека шпанската ѕвезда ќе биде подготвена за настап на УС Опен.
Алкараз поради повреда на зглобот веќе ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, а неодамна го откажа и настапот на Мастерсот во Монтреал. Иако првично се веруваше дека станува збор за претпазливост поради густиот распоред, сè повеќе се чини дека повредата е посериозна.
Поранешниот британски тенисер и тренер Грег Руседски изјави дека не е оптимист кога станува збор за брзото враќање на Шпанецот.
Ако Карлос Алкараз не настапи во Синсинати, тогаш нема да игра ниту на УС Опен. Не сум оптимист. Според снимките што ги видов неодамна, не сум сигурен дека ќе биде подготвен.
Тој смета дека за Алкараз е најдобро целосно да закрепне, дури и ако тоа значи подолга пауза.
Проблемот на шпанскиот тенисер е воспаление на тетивата и нејзината обвивка во пределот на зглобот, повреда која особено го отежнува држењето на рекетот и изведувањето силни удари, што е еден од неговите најголеми адути.
Алкараз оваа сезона го освои Австралија Опен, а во моментов се наоѓа на третото место на АТП-листата, зад Јаник Синер и Александер Зверев. Сепак, доколку закрепнувањето продолжи со ова темпо, можно е да го пропушти и последниот Грен слем турнир во сезоната.