Кошарка

НЕ САКА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ: ЛЕБРОН ЌЕ ЛЕТА 45 МИНУТИ ЗА СЕКОЈ ТРЕНИНГ СО ХЕЛИКОПТЕР

Иако официјално потпиша за Филаделфија, Леброн Џејмс нема да се пресели во истоимениот град. Наместо тоа, ќе продолжи да живее со своето семејство во Њујорк, а секојдневно ќе патува со приватен хеликоптер до тренинзите и домашните натпревари.

Според американските медиуми, летот од Менхетен до Филаделфија трае околу 45 минути, а само за превоз Леброн би можел да потроши околу еден милион долари по сезона.

Иако со Сиксерс потпиша едногодишен договор вреден четири милиони долари, што е ветерански минимум, за Џејмс тоа не претставува голем финансиски фактор. Се проценува дека надвор од кошарката заработува околу 80 милиони долари годишно преку спонзорства, инвестиции и својата медиумска компанија SpringHill.

Покрај високите трошоци за патување, животот во Њујорк ќе значи и повисоки даноци, но американските аналитичари сметаат дека Леброн свесно се откажал од поголема заработка за Филаделфија да има повеќе простор во буџетот и да изгради поконкурентен тим околу Џоел Ембид, Тајрис Макси и Џејлен Браун.

Со тоа што останува во Њујорк, неговото семејство нема да мора повторно да се сели, а тој ќе може без прекин да ги продолжи и своите бројни деловни проекти.

Ваквиот начин на живот не е непознат во НБА. И легендарниот Коби Брајант со години патуваше со хеликоптер од Њупорт Бич до Лос Анџелес за да поминува повеќе време со своето семејство. Леброн, кој најверојатно ја игра последната сезона во својата богата кариера, очигледно решил семејството да го стави пред сè.