ТЕЈЛОР ПОД ИСТРАГА, ШТО ИМ ВРЕДИ ТОА НА РОМА И ЖОЗЕ?
Објавено на: 06.06.2023
УЕФА сериозно ќе го разгледува случајот Тејлор и ќе ги преиспитува одлуките на англискиот судија, кој ја делеше правдата на мечот меѓу екипите на Севиља и Рома во финалето на Лига Европа.
Според информациите кои доаѓаат од Италија, европската куќа на фудбалот во голема мера се согласува со реакциите на италијанскиот клуб и португалскиот стратег, што се однесува до квалитетот на судењето во натпреварот за титулата.

Ентони Тејлор беше на удар на Жозе Нурињо, кој го чекаше по мечот и вербално го нападна на паркингот поради недосудениот (очигледен) пенал за Рома и поради други контроверзни одлуки. Ако УЕФА процени дека не бил на висината на задачата, тоа може сериозно да влијае на неговата интернационална кариера.

Мурињо го загуби првото финале во европските купови, а Рома не успеа да освои нов трофеј, по првиот на меѓународна сцена кој беше освоен минатата сезона во Конференциската лига. Победникот во ЛЕ, Севиља следната сезона ќе игра во ЛШ.