МИЛАН Е ИНСТИТУЦИЈА: НИ РОНАЛДО НИ МЕСИ НЕ БЕА ВАКА ИСПРАТЕНИ
Објавено на: 05.06.2023
Златан Ибрахимовиќ доживеа церемонија каква што заслужува, поради посветеноста на црвено-црната кауза и влијанието што го имаше во враќањето на една од најелитните италијански екипи, на големата сцена. Никако збогуб, само довидување, рече Златан.
Бадијала е да се опишува она што се случуваше на Сан Сиро, атмосферата по победата над Верона (3:1) требаше да се доживее или да се види во живо. Беше спуштена завесата на сезоната 2022/23, но и на кариерата на Златан Ибрахимовиќ. Публиката се тепаше за билет повеќе, а ниту една жива душа не го напушти стадионот се додека фудбалскиот Бог не замина од зелениот терен:
Мора да признаеме дека ниту една од (нај)големите ѕвезди на денешницата, не доживеа вакво испраќање…