ТАРЕМИ СЕ ОТКАЖУВА ОД ФУДБАЛ И СТАНУВА ВОЈНИК?
Објавено на: 03.03.2026
Ѕвездата на иранската репрезентација, Мехди Тареми, наводно ги известил челниците на својот клуб Олимпијакос дека сака да се врати во Иран во екот на актуелните тензии во регионот.
Според информациите што се појавија во медиумите, напаѓачот кој во кариерата настапуваше и за Порто и Интер изразил желба да се врати во татковината и да облече војничка униформа за како што се наведува, „одбрана на Исламската Република Иран“.
Претставници на Иранската фудбалска федерација се обидуваат да го убедат да остане во Грција и да не носи избрзана одлука во момент на високи политички и безбедносни тензии.
Сепак, според истите извори, одговорот на Тареми бил јасен:
Ова е моментот кога на мојата земја ѝ требам најмногу.
Засега нема официјална потврда од самиот фудбалер или од клубот Олимпијакос, а останува да се види дали станува збор за конечна одлука или за изјава дадена во емотивен контекст.