Фудбал

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ФРАНЦУЗИТЕ?

Триколорите имаат очаен старт на натпреварувачката кампања во Лигата на нациите, во рамките на Група 1 во премиерното друштво на ова натпреварување.

Франција забележа еден пораз и две реми средби во првите три кола и се наоѓа на последната позиција.

Резултати:

Австрија – Франција 1:1
Хрватска – Франција 1:1
Франција – Данска 1:2

Табела:

Данска 6
Австрија 4
Хрватска 4
Франција 2

Карим Бензема беше број 1 напаѓач во сезоната што помина, Килијан Мбапе стана „газда“ во ПСЖ, другите француски играчи се на висока цена и играат одлично по европските клубови.

Што се случува со француската фудбалска репрезентација?