ЛЕКЛЕР СЕ ОДОМАЌИНИ ВО БАКУ, ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОБЕДА ЗА ФЕРАРИ?
Објавено на: 11.06.2022
Шарл Леклер ја освои 6-та пол-позиција сезонава на 8 трки, пред Серхио Перез и актуелниот светски шампион и лидер во поредокот, Макс Ферстапен. Возачот на Ферари ја помина патеката за 1:41:359.

Карлос Саинц од Ферари е на четвртата стартна позиција пред утрешната трка за ГН на Азербејџан, во престолнината на оваа земја. Луис Хамилтон со неговиот Мерцедес е на 7-та стартна позиција.

Леклер и минатата година беше најбрз во квалификациите, но не успеа тоа да го материјализира на трката. Дали оваа година конечно ќе ја искористи предноста од квалификациите, во битката за титулата?

Ова е четврта редоследна пол-позиција за возачот од Монако. Во генералниот поредок, Ферстапен има 125 бода, пред Леклер со 116. Ред Бул води со 235 бода, пред екипата на Ферари која досега има 199.