Кошарка

КАРИ СЕ ЗАПАЛИ И ГИ „ШИНА“ СЕЛТИКС

Стеф Кари постигна 43 поени во победата на Вориорс на гости во Бостон со 97:107, за изедначување на 2:2 во финалето кое сега почнува од почеток, односно Голден Стејт си го врати домашниот терен како предност со овој рибрејк.

Најдобриот шутер на денешницата и можеби во историјата на кошарката, влезе во две избрани друштва во НБА финалињата:

1. Еден од тројцата највозрасни играчи со 40+ поени (Џордан, Леброн).
2. Еден од петмината со најмногу 30+ поени натпревари (Џордан 23, Леброн 22, Шекил 16, Коби 13).

Потврда за одличната игра на Голден Стејт и за лошата селекција на шутот на домаќинот, кој ја загуби предноста стекната во првиот меч од финалната серија, стигна и од Леброн Џејмс, кој најдобро знае како е кога се губи од Вориорс:

Има ли крај на рекордите на Кари, има ли спас за Бостон Селтикс кога тој „ќе се запали“?