Фудбал

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ СЛУЧЕШЕ ДА НЕ ГИ ИСКРАДЕА НА ЕУРО 2020?

Данците се рекордери според бројот на постигнати и бројот на примени голови, во рамките на еден квалификациски циклус за пласман на едно светско првенство во организација на ФИФА.

Никогаш претходно, ниту една земја не постигнала 27 гола, односно не останала без примен гол во сите квалификациски мечеви во тој циклус. Тоа го направија Данците, за Катар 2022.

Дали ќе го имаа истиот скор, или ќе имаа нова европска титула во витрините , ако не беа искрадени во полуфиналето против „домашната“ Англија на Вембли, на последното ЕУРО?