Фудбал

САРАЕВО Е СЛЕДНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА РИСТОВСКИ

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, кариерата ќе ја продолжи во редовите на ФК Сараево, потврдија повеќе медиуми од регионот.

Ристовски како слободен играч ќе пристигне во босанската метропола, откако веќе ги договорил личните услови со освојувачот на Купот во БиХ. Се чека само официјализирање на соработката, а Сараево ќе биде 11-ти клуб во кариерата за нашиот 33-годишен искусен бек.

По четири години во Динамо Загреб, Ристовски летово ја напушти Хрватска откако му истече договорот, а се шпекулираше дека можеби ќе се врати во матичниот клуб Вардар. Популарниот Риле за Модрите одигра 185 натпревари во кои запиша 7 погодоци и 19 асистенции.