СПРЕЧЕНА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ КОНСЕИСАО И КАЛАБРИЈА (ВИДЕО)
Објавено на: 26.01.2025
Милан со голем пресврт успеа да се спаси од пораз и срам на Сан Сиро повторно, овој пат против Парма, откако Рајндерс, а на крај и Чукуезе донесоа голема победа за домаќините од 3:2.
Тоа беше прва победа за Консеисао на клупата на Милан во италијанското првенство на домашен терен, а се чини дека прославата ја наруши овој инцидент помеѓу тренерот и капитенот на тимот, кои мораа соиграчите да ги двојат за да не дојде до поголема физичка пресметка.
Што ли си рекоа еден на друг?