Фудбал

БАРДИ ПРЕТСТАВЕН КАКО НОВ ИГРАЧ НА БОДРУМ (ВИДЕО)

Енис Барди официјално е нов член на турскиот прволигаш Бодрумспор, објави клубот на своите социјални мрежи.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација одлучи да остане во Турција по раскинувањето на договорот со Трабзон, и покрај понудите од Шпанија.

Барди потпиша краткорочен договор со Бодрум, до крајот на актуелната сезона, а потоа ќе одлучува дали ќе остане или повторно ќе бара нов предизвик.

Бодрумспор моментално се наоѓа на 16-тото место на табелата во турската Суперлига и се бори за опстанок, па надежите се дека токму Барди ќе помогне да се оствари таа цел.