Фудбал

АПСУРД: ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ЌЕ ИМ ЈА ДОДЕЛАТ НА ТРЕНИНГ

Шпанската фудбалска федерација не му излезе во пресрет на Реал Мадрид по барањата околу доделувањето на титула.

Имено, управата на Реал побара од федерацијата да се смени датумот на кој Кралевите ќе бидат крунисани како нови фудбалски владетели на Шпанија, од 11 мај на 14 мај. Кралевите не сакаат да слават во сабота по гостувањето кај Гранада, бидејќи при евентуален неповолен резултат домаќините би испаднале од елитата.

Затоа, Реал побара титулата да им се додели пред нивните навивачи на 14 мај по дуелот против Алавес, на „Сантијаго Бернабеу“, но сепак тоа нема да се случи.

На крајот, титулата ќе се додели на 12 мај и тоа на тренинг центарот „Валдебебас“, пред почетокот на утринскиот тренинг. Доделувањето на титулата ќе се случи зад затворени врати, навивачите нема да имаат прилика да присуствуваат, но присутни ќе бидат само официјални лица од федерацијата и клубот, како и фудбалерите и стручниот штаб на чело со Карло Анчелоти.