7 МИЛИОНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ЈУВЕ НЕ ГО БРКА АЛЕГРИ
Објавено на: 07.05.2024
Раководството на Јувентус е под притисок од страна на навивачите да го разреши Максимилијано Алегри и да доведе адекватен тренер со кој тимот повторно ќе напаѓа трофеи.
Екипата не игра убав фудбал за око под палката на Алегри, ниту ги остварува посакуваните резултати, а управата и натаму не реагира. Која е причината?
Причината, или поточно причините се 7 милиони евра како потенцијална отшета која Алегри би ја добил доколку му биде врачен отказ. Тоа е сума која Јувентус не сака да ја исплати предвреме бидејќи ќе мора да обезбеди средства и за новиот тренер кој би пристигнал, а со оглед на тоа дека целат на стратег со шампионско реноме, не би бил евтин.
Oд друга страна, изборот на пазаот не е нешто широк, засега нема тренер кој би можел да одговори на предизвикот, но останува да се види кои ќе бидат опциите за италијанскиот гигант во текот на летото.
Ова значи дека Алегри би можел да остане во Јувентус до јуни 2025 година, поточно до кога му важи договорот, а тоа би значело уште една мачна сезона за фановите на Бјанконерите.