ПОРАНЕШНИОТ СЕЛЕКТОР НА ШПАНИЈА ГИ ПРЕЗЕМА ЧЕКАНИТЕ
Објавено на: 07.05.2024
Управата на Вест хем се одлучи за Хулен Лопетеги да биде новиот менаџер на првиот тим. Шпанскиот стратег ќе ја преземе клупата на Чеканите по крајот на сезоната, заменувајќи го Дејвид Мојс по неговата потврда дека заминува од клубот.
Лопетеги добива нова шанса да се покаже во Премиер лигата, откако пред две години го водеше Вулверхемптон. Моментално двете страни ги договорија сите детали околу соработката, останува уште да се подготви договорот и да се стави потпис.
Во тренерската кариера која му почна во Рајо Валјекано, Лопетеги уште работеше во Реал Мадрид Б, Порто, Севилја, Реал Мадрид, младинските селекции на Шпанија У19 и У21, како и сениорската репрезентација на Црвената Фурија од 2016 до 2018 година.