Фудбал

СОПРУГАТА НА ТРАЈКОВСКИ РАСПАЛИ ПО СЕДЛОСКИ

Еден од најискусните македонски репрезентативци, Александар Трајковски, вечерва во Копенхаген остана без можност да го запише својот 99 настап во националниот дрес.

И покрај тоа што натпреварот беше практично решен дваесетина минути пред крајот, Трајковски не доби шанса од селекторот Гоце Седлоски и целиот меч го проследи од клупата.

Оваа ситуација предизвика силна реакција, не само кај навивачите, туку и во неговото најблиско опкружување.

Неговата сопруга, Александра Трајковска, преку социјалните мрежи јавно го изрази своето разочарување, потенцирајќи дека односот кон фудбалер кој со години го носел дресот со гордост е неправеден и нечовечки.

Вечерва видов нешто што ме заболе. Гледав човек кој со години се даваше себе си без резерва за националниот тим како седи на клупата и молчи. Достоинствено! Али јас не можам да молчам. Ова не е во ред, не е човечки. Ова не е правда! Не барам привилегии, само почит за трудот и за годините кои не можат да се вратат. Кога ќе престанеме да ги цениме вистинските вредности, тогаш не губиме само играч туку го губиме и образот. Човекот кој даде толку многу на репрезентацијата. Сè се чита меѓу редови.