Фудбал

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРОСЛАВИЈА ШТО ЌЕ ИГРААТ СО БИХ, А НЕ СО ВЕЛС (ВИДЕО)

Неколку италијански репрезентативци се најдоа во центарот на вниманието откако камерите ги уловија како реагираат и слават по победата на Босна и Херцеговина против Велс.

Снимката експресно се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции, особено кај навивачите од Босна и Херцеговина, кои ваквиот момент го доживеаја како непочитување и потценување.

Сè се случувало по натпреварот меѓу Италија и Северна Ирска. Италијанците веќе го имаа обезбедено пласманот понатаму и внимателно го следеа исходот од дуелот Босна и Херцеговина и Велс, кој требаше да го одреди нивниот следен противник. Тие играа на продолженија, а потоа и на пенали, во кој поуспешни беа Џеко и соиграчите.

Камерите ги фатија Федерико Димарко, Пио Еспозито, Гуљелмо Викарио, Алекс Мерет и Сандро Тонали како реагираат на разврската, но токму нивната реакција предизвика најмногу полемики.

По конечната победа на Босна и Херцеговина, дел од италијанските фудбалери се препуштија на славје, што кај дел од јавноста беше оценето како непримерно, со оглед на тоа што станува збор за потенцијален противник во клучен натпревар.

Реакциите беа брзи и остри, особено на социјалните медиуми.

Погледнете го непочитувањето и ароганцијата. Ќе го запаметиме ова во Зеница

Ситуацијата дополнително доби на тежина бидејќи сцените беа емитувани во живо, а коментаторот Даниеле Адани не ја криеше својата непријатност.

Рековте дека ова нема да оди во програма, а сепак го пуштивте… Се слави во вторник, не денес,

Она што требаше да биде само момент на емоција, се претвори во контроверзија што ги разгоре страстите пред следниот дуел. Фудбалот повторно покажа дека не се игра само на теренот туку и надвор од него.