Фудбал

И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ: ПЕСНА И АПЛАУЗ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ

Фалангата во Данска ги испрати нашите фудбалери кон соблекувалната со аплауз и песна и покрај високиот пораз од 4:0.

Издржавме едно полувреме, но не и до крај, бидејќи Данска постигна 3 гола за неполни 10 минути и го сруши нашиот сон за реприза од Палермо. На крај, верните навивачи кои беа во голем број, со аплауз и песна ги испратија нашите фудбалери кон соблекувалните.