Фудбал

СИТИ СО ПРВИОТ ПОТЕГ ГО КУТНА АРСЕНАЛ

Она што се очекуваше, конечно се случи. Во манир на искусен преговарач, шампионот на Англија Го чекаше вистинскиот момент. Манчестер Сити ја понуди првата сума за Деклан Рајс, кој е најбараниот фудбалер на островот, во летниот преоден рок. Понудата е 80 милиони евра за трансферот и 10 милиони евра како бонуси.

Вест Хем го доби предлогот доцна синоќа и сега ги трие рацете. Истото важи и за фудбалерот, кој гледа како се тепаат за него најсилните екипи во Премиерлигата.

Дали вреди или не, за парите и за фамата која се создава околу него, е ирелевантно. Сведоци сме дека Англичаните прават култ од своите фудбалери, а за нивниот развој ги користат шпанските мозоци Артета и Гвардиола, преку арапските пари кои се влеваат во клубовите.

Генијален план, мора да се признае!