Тенис

СИНЕР ЈА ЗАГРИЖИ ЈАВНОСТА ВО ДУЕЛОТ СО РУНЕ (ВИДЕО)

Јаник Синер како бранител на Австралија Опен стигна до четвртфиналето каде за противник го чека подобриот од дуелот Микелсен – Де Минор.

Моменталниот прв светски рекет одигра тежок меч против Руне во кој славеше со 3-1 во сетови, а неговите маки се видоа во третиот сет кога при пауза Италијанецот почна да се стресе неможејќи да земе здив. Рацете буквално му трепереа и многу тешко дишеше.

Сепак, собра сили и го освои третиот сет, а потоа побара медицински тајм-аут кој очигледно му годеше, ја поврати силата и доигра за пласман во топ 8 фазата од првиот овосезонски гренслем.