ПОРАДИ НАВРЕДИ ЃОКОВИЌ НЕ ДАЛ ИНТЕРВЈУ ПО НАТПРЕВАРОТ
Објавено на: 19.01.2025
Новак Ѓоковиќ го совлада Лехечка утрово со 3:0 во сетови и си закажа дуел со Алкараз во следната фаза, но она за што збори целиот тениски свет е неговото одбивање да даде интервју по завршување на натпреварот.
Непишано правило е победникот по натпреварот да даде интервју на средина на теренот, интервју кое се пренесува на преносот. Сепак, денес, Новак Ѓоковиќ веднаш си замина кон соблекувалните, оставајќи ги сите подзинати зошто тоа го направи.
Тој неколку часа подоцна на Инстаграм се огласи преку стори, на кое објасни дека причината е исмевањето на Канал 9, главната ТВ куќа во Австралија која прави пренос, со српските фанови и со него.
A few words about what happened on court. pic.twitter.com/jRof2npiwH
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 19, 2025
Здраво на сите, ви благодарам за поддршката. Добар натпревар денес против Лехечка и со нетрпение го очекувам натпреварот со Карлос. Сакам да се навратам на она што се случи на теренот. Причината поради која не дадов интервју, што е честа практика после натпреварите е поради тоа што еден спортски новинар од Австралија кој работи за Канал 9 одлучи да се исмева со српските фанови, навредувајќи ме и мене исто така. Мислев дека ќе се извини, но тоа уште не е направено ни од него ни од Канал 9. Секако дека чувството не е добро за мене, и беше малку незгодно на теренот. Имам огромна почит за Џим Куриер и секогаш сакам да зборувам со Џим, па им се извинувам на сите на теренот и оние покрај тв екраните, но морав да останам доследен на тоа што го одлучив. Се надевам работите ќе се променат до следниот меч.
Што велиш, оправдано?