Фудбал

АНЧЕЛОТИ ГО НАПУШТА РЕАЛ ПО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА?!

Фабрицио Романо предмалку ја рашири информацијата на шпанскиот медиум „Онда Серо“ дека Карло Анчелоти одлучил да го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната.

Оваа вест допрва треба да се потврди од страна на италијанскиот стратег, како и од таборот на Реал, но очигледно споменатиот шпански медиум знае нешто што повеќе околу целата ситуација.

Атмосферата во клубот се влоши по тешкиот пораз од Барселона со 5-2 во финалето од Суперкупот на Шпанија, што резултираше навивачите на Кралевите да ги пречекаат своите миленици со свирежи веќе во следниот натпревар, во кој Реал ја надигра Селта во домашниот куп.

Помалку чудна е одлуката на господинот Карло, ако се знае дека минатата сезона Реал ја освои двојната круна во Ла Лига и Лигата на шампионите, а потоа Анчелоти потпиша нов договор до јуни 2026 година. Останува да чекаме официјална потврда дали навистина заминува, додека шпекулациите кој ќе го наследи веќе почнаа, а Чаби Алонсо е прв во редот да го преземе столчето.