ШКОТСКА СТАНА ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ – ТРАПАНОВСКИ БЛИСКУ ДО ДАНДИ ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 29.05.2024
Бојан Миовски пред две сезони ја отвори вратата за македонските фудбалери во шкотската Премиер лига, а како член на Абердин нашиот напаѓач стана вистински хит и миленик на навивачите на клубот. Набрзо потоа и Давор Здравковски ги следеше неговите стапки, актуелниот фудбалер на Мадервел кој со тек на време се адаптира на новата средина и се покажа во доста добро светло.
Сега, Македонија ќе го испрати и третиот фудбалер во шкотското првенство, а станува збор за Кристијан Трапановски од редовите на шампионот Шкупи.
Трапановски имаше доста добра сезона со по 6 погодоци и асистенции во домашното првенство, со што заработи трансфер во Данди Јунајтед, каде се чека негов потпис многу наскоо. Таму ќе го пречека Џим Гудвин, поранешниот тренер на Миовски во Абердин, со очекувања дека и 24-годишниот крилен играч ќе добие шанса да се докаже токму како и Бојан.