Фудбал

ЛЕВАНДОВСКИ Е ПРИЧИНАТА ШТО ЧАВИ ДОБИ ШУТ-КАРТА ОД БАРСА?

Сагата околу тренерската позиција во Барселона заврши со разрешување на Чави Ернандес и доделување на функцијата на Ханси Флик. Почнува нова ера во каталонскиот клуб, иако се очекуваше Чави да остане тренер откако претходно се предомисли и ја повлече својата одлука да замине.

Сега откако на сето тоа му дојде крајот, шпанските медиуми излегоа со различни информации околу причините за отказот на Чави. Каталонски „Спорт“ известува дека Роберт Левандовски е причината, поточно Чави планирал да се ослободи од полскиот напаѓач во текот на летото, а тоа воопшто не поминало добро кај Лапорта и останатите оперативци.

Веројатно Чави планирал да им даде повеќе шанса на помладите напаѓачи и воедно да доведе друг голгетер, што е на големо изненадување бидејќи Левандовски беше еден од играчите кои се обидуваше да го убеди Чави да остане. Колку има вистина во оваа информација, знаат само добро информираните шпански новинари, кои веројатно целат да ја оправдаат одлуката на раководството на Барселона околу тренерската смена.