Фудбал

ШЕВЧЕНКО: МИЛАН МОЖЕ ДА ЈА ОТВОРИ ТРКАТА ЗА ТИТУЛАТА

Легендата на Милан, Андриј Шевченко, смета дека трката за титулата во Серија А може повторно да се отвори доколку росонерите вечерва го победат Интер во дербито на Милано. Во разговор за Газета дело спорт, Украинецот истакна дека разликата на табелата не мора да биде пресудна.

Разликата од десет бода на табелата не значи многу. Ако Милан победи, борбата за титулата повторно ќе биде отворена. Дербито може да ја промени судбината на сезоната, особено во овој дел од првенството.

Тој призна дека Интер досега изгледа како најсилниот тим во Италија.

Како тим, да, моментално се најдобри во Италија. Ми се допаѓа начинот на кој Кристијан Киву го води тимот. Беше интелигентен фудбалер, а сега покажува дека е и добар тренер.

Шевченко имаше пофални зборови и за тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.

Макс е гаранција за успех. Тој го трансформираше Милан. На тимот му донесе натпреварувачки дух и ги направи играчите посилни. Има огромно искуство и знае како да создаде силна група.

Во пресрет на дербито се зборува и за формата на Кристијан Пулишиќ, кој има проблеми со повреди и сè уште нема постигнато гол во 2026 година. Шевченко не верува дека Американецот веќе размислува за Светското првенство.

Во продолжението на интервјуто, Украинецот се осврна на формата на Пулишиќ, нагласувајќи дека истата е минлива и лошиот период за Американецот брзо ќе биде зад него, иако тој нема постигнато гол во 2026. Покрај него, „Шева“ даде осврт и на Португалецот, кој се очекува вечерва да стартува заедно со Пулишиќ, но и за Лука Модриќ.

Рафа покажа зрелост. Иако не игра на својата природна позиција, се обидува да го исполни она што го бара тренерот. Кога Милан игра на контранапади, неговата брзина и трчања се клучни. Модриќ? Тој треба да продолжи додека ја има страста во себе. И покрај харизмата, секогаш е подготвен да помогне и ништо не бара за возврат. Има извонредна сезона и сите знаеме колку е квалитетен. Играв против него и начинот на кој ја разбира играта е неверојатен.