Фудбал

СЕПАК, ПЕП НЕ Е КЛОП?

Двајцата тренери се синоним за Премиерлигата во последните десетина години, како што на времето беа Фергусон во Јунајтед и Венгер во Арсенал, кои постојано беа во дуел за титулите.

Јурген Клоп потпиша нова верност со Ливерпул до 2026-та година и кажа дека досега оствареното било само почеток. Го сакам овој клуб, рече германскиот стратег, на прес-конференцијата.

Но, од друга страна, 51-но годишниот шпански стратег, кој го препороди Манчестер Сити, не брза со продолжување на договорот со сините, со кои е обврзан до 2023-та. Има други планови?