Фудбал

RIP МИНО: РАИОЛА ПОЧИНА ВО БОЛНИЦА

Италијанскиот фудбалски суперагент почина на 54-годишна возраст, во болница во Милано. Неговата смрт настана како последица на долга битка со болест на белите дробови.

Уште во месец јануари оваа година тој беше на операција, медиумите неколку пати го „умираа“ предвреме, но сега информацијата ја потврди семејството на Мино Раиола.

Раиола беше агент на многу големи имиња – Ибрахимовиќ, Донарума, Холанд, Погба…