Фудбал
ОСТАНУВА ВО СИНО? БАРСЕЛОНА ТРГНА ПО ЛУКАКУ
Објавено на: 30.04.2022
Каталонската гордост очајно бара напаѓач за следната сезона, а можеби и за следните неколку. Изгледа дека не им е доста ангажманот на Обамејанг, па Каталонците сакаат убиствен напаѓачки тандем.

Ромелу Лукаку е новото име на списокот на Барселона, откако пропадна планот за договор со Ерлинг Халанд, а најверојатно и планот Б кој претпоставуваше да биде постигнат договор со Роберт Левандовски.