СЕ ПОТСЕТУВАМЕ: КАКО ЧИРО БЛАЖЕВИЌ ГО ДОНЕСЕ РИНГОВ ВО ДИНАМО?
Објавено на: 23.12.2025
По кратко болување, почина еден од најголемите фудбалери кои Македонија некогаш го имала. Васил Рингов не само што остави голема трага во Македонија, остана познат насекаде низ поранешна Југославија, со настапите пред се во Вардар, но и Динамо Загреб.
А како замина од Вардар во тогашниот југословенски шампион ни раскажа во поткастот кој го организиравме заедно со Златко Калински и Бранко Чупески, во кој гостин ни беше секогаш харизматичниот Рингов.
Целото интервју може да го погледнете на следното видео:
Како што и самиот велеше, по Тоше Проески и Гоце Седлоски, се уште во Загреб важеше за еден од најпознатите Македонци. За само кратко време му стана еден од омилените играчи на легендарниот Чиро Блажевич, а подоцна му бил дел од стручниот штаб кога со Хрватска стигна до бронзениот медал.
Нека му е вечна славата!