Фудбал

ПАНДЕВ РАСПАЛИ ЗА МРМЕ: ШАРЛАТАН, АЈДЕ ВО ПЕНЗИЈА

Ден по обзнанувањето на Седлоски како нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, неочекувана „преписка“ помеѓу поранешниот селектор Игор Ангеловски и нашата фудбалска легенда, Горан Пандев.

Препукувањата доаѓаат неочекувано пред се поради тоа што важеа за блиски пријатели во минатото и „војуваа“ заедно за смена на Муамед Сејдини од претседателската функција на ФФМ.

Првично, на Фејсбук се огласи Игор Ангеловски, за кого дел од медиумите пишуваа дека е во комбинција за враќање на селекторското место.

 

 

На оваа порака, не остана рамнодушен Пандев кој распали по него, веројатно чувствувајќи се посочен:

„Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни шест часа да почне да плука… Замислениот Наполен. Експертот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеци. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)