Фудбал

НА РАСПИТ: ВИНИСИУС, РОНАЛДИЊО, ФИГО ПРОМОВИРАА ПИРАМИДАЛНА ШЕМА СО КРИПТОВАЛУТИ

Повеќе активни и поранешни фудбалски ѕвезди се најдоа среде скандал како промотери на пирамидална шема со инвестирање и трејдање на криптовалути.

Винисиус јуниор, Роналдињо, Луис Фиго, Пауло Дибала, се само дел од сегашните, односно поранешните светски познати спортисти кои дејствуваа како заштитни лица на платформата „Омегапро“, чиишто основачи беа уапсени неодамна, а гореспоменатите фудбалери веројатно ќе треба да преземат некаква одговорност за промовирање на платформата.

Имено, двајцата основачи Роберт Велге од Холандија и Андреас Шакач од Шведска беа уапсени во Истанбул по неколкумесечно бегство од властите. „Омегапро“ платформата се базирала на инвестиции во криптовалути, со што ветувала огромен поврат на пари по 14 месеци. Органите реагирале откако рокот за повратот на инвестициите се одложил на 18, а потоа и на 26 месеци, пред целосно да прекине со работа. Една 56-годишна жена од Каталонија сведочи дека инвестирала и загубила 18.000 евра.

Шведската инспектои тврдат дека секој фудбалер кој бил дел од промоциите или на било кој начин промовирал инвестирање во „Омегапро“, ќе биде повикан на распит и ќе бидат преземени легални мерки.

Во околу три години организирање настани од различен тип, Роналдињо, Винисиус, Фиго, Дибала, Пујол, Касилјас, Абидал, Хиеро и Роберто Карлос, сите биле присутни на настаните, на кои биле облечени во опрема на „Омегапро“.