Фудбал

ПО БАРАЊЕ НА ЖОЗЕ: ЕЛМАС ПОВТОРНО ВО ДРЕСОТ НА ФЕНЕР?

Жозе Мурињо побара уште засилувања од управата на Фенербахче кои треба да се доведат во јануарскиот преоден рок, поконкретно да се засили средниот ред на неговиот тим, а првата желба е нашата фудбалска ѕвезда Елиф Елмас.

Популарниот Дијамант токму во редовите на турскиот гигант ја започна европската кариера, каде пристигна од Работнички во летото 2027 година како тинејџер. Елмас запиша 40 настапи за Фенер пред трансферот во Наполи, а сега му следува нова шанса да го облече дресот на клубот од Истанбул.

Намерата на Фенер е позајмица на Елмас до крајот на актуелната сезона, според информациите на турските медиуми, со оглед на тоа дека Дијамантот не ја добива потребаната минутажа во Лајпциг каде речиси една година е член на бундеслигашот.