РАКОМЕТАР НА ВАРДАР НАПАДНАТ ОД ГЛУТНИЦА УЛИЧНИ КУЧИЊА ДОДЕКА ШЕТАЛ СО ДЕЦАТА
Објавено на: 21.10.2024
Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, претрпел неочекувани повреди откако глутница улични кучиња го нападнале додека шетал со своите деца во Скопје.
Овој непријатен инцидент го потврди тренерот Владо Недановски во пресрет на дуелот на Црвено-црните против Порто во Европската лига. Борозан заработил 15 конци во обид да си ги одбрани децата, а бил искасан на повеќе места на телото како резултат од нападот на кучињата.
Црногорскиот ракометар многу веројатно ќе го пропушти утрешниот дуел на Вардар против Порто.