САЛАХ ОТВОРЕНО ПРОТИВ СЛОТ И ЛИВЕРПУЛ: МЕ ФРЛИЈА ПОД АВТОБУС
Објавено на: 07.12.2025
По новиот шокантен кикс на Ливерпул овој пат против Лидс, најдобриот играч на црвените реши да ја прекине тишината и да каже што се му лежи на душа. Египетскиот напаѓач го преседе цел натпревар на клупата, што му е всушност трет натпревар по ред која го почнува на клупата за резерви.
По натпреварот, Салах се отвори за медиумите, лошата атмосфера и односот со Арне Слот.
Не можам да верувам дека преседов на клупа цел натпревар, тоа е трет натпревар по ред, нешто што не ми се случило до сега во кариерата.
Прашањата не беа потребни бидејќи Салах сам продолжил:
Многу сум разочаран бидејќи толку многу имам дадено за овој клуб низ годините, особено претходната сезона. Се чувствувам како некој да ме фрлил под автобус. Некој сака во мене да пронајде виновник. Ми ветуваа многу пред почетокот на сезоната, а сега сум на клупа и можам да кажам дека ништо од ветувањата не е реализирано.
На прашањето каков е неговиот однос со Арне Слот, тој одогвори:
Бев во добри односи со менаџерот, но сега немам никаков однос и не знам зошто е тоа така. Како некој да не ме сака во клубот. Ги повикав мајка ми и татко ми да дојдат на Енфилд за мечот со Брајтон, ќе бидам таму и ќе се поздравам со фановите бидејќи не знам што може да се случи додека сум на Афричкиот Куп на нации.
На крај, додаде:
Неприфатливо е се ова. Да сум во друг клуб, секој би ме заштитил, а сега ситуацијата е фрлете го Мо под автобусот, тој е крив се за се што се случува. Не мислам дека сум проблемот. Не сум поголем од клубот, ниту од било што друго, но јас го заслужив ова место во тимот.