ЧАБИ АЛОНСО ЌЕ БИДЕ НАСЛЕДНИКОТ НА СЛОТ?
Објавено на: 06.12.2025
Во Ливерпул се подготвуваат на големо за „пост-Слот“ ерата, а неговиот наследник се бара во името и презимето на една од легендите од Енфлд Роуд и шампионската генерација во Истанбул.
Во Англија веќе се шпекулира на големо дека доколку Реал Мадрид му врачи отказ на Алонсо, управата на Ливерпул нема да се двоуми ни миг да го отпушти Слот и да го донесе назад во градот.
По доброто отворање на сезоната на Алонсо и Реал Мадрид, следуваше серија од лоши натпревари и шпекулации дека Шпанецот ја загубил контролата врз соблекувалната. Таквиот расплет на настаните го приморало Флорентино Перез да размислува на солуција доколку разликата помеѓу нив и Барселона се зголеми на табелата, а незадоволството на играчите од новиот тренер и понатаму е присутно.
Во Мадрид сѐ уште се нема најдено потенцијална замена, но очигледно во Ливерпул не се следи истиот пример. Како можен наследник на Слот се споменува тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, но според англиските медиуми прва мета е Чаби Алонсо доколку прерано заврши неговиот престој на Бернабе.
Кралевите се познати по брзото донесување на одлуки за прекин на соработки, нешто што добро го почувствуваа многу тренери изминатите години.