Фудбал

ГВАРДИОЛА БРОИ 7О МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИГРАЧ НА РЕАЛ МАДРИД

Пеп Гвардиола не се откажува од борбата за титулата со Арсенал оваа сезона и веќе во декември подготвува нов трансфер кој треба да му донесе повеќе голови и поголем избор во нападот.

Шпанецот го „мерка“ Родриго од Реал Мадрид, играч со голем талент и квалитет, кој игра во лоша форма оваа сезона и често е на клупата кај Чаби Алонсо. Сепак, тоа не значи ништо за Пеп, кој со управата на Сити се одлучни да избројат 70 милиони евра, онолку колку што Реал Мадрид бара за Бразилецот. Факт кој ја покажува лошата форма на Родриго е тоа што нема постигнато гол на 31 натпревар по ред, иако многу од овие натпревари ги играл со само неколку минути на зелениот терен.

Гвардиола изрази интерес за него и летово, но Реал Мадрид не се согласи за трансфер на Родриго, кои го гледаат како замена за Винисиус или можеби Мбапе, кога на првите двајца нема да им оди баш најдобро.

За неговите услуги заинтересирани беа и Челси, Арсенал и Тотенхем летово, но оваа зима нема интерес од лондонските тимови за толку скапо засилување.