КАКВА ЧЕСТ ЗА КРИСТИЈАНО: ПОРТУГАЛИЈА ЌЕ ИЗДАДЕ ЕВРОПСКА МОНЕТА ОД 7 ЕВРА
Објавено на: 25.09.2024
На банкноти и монети обично се појавувале важни личности од кралски семејства, или претседатели кои биле основоположници на држави, но Португалија отиде чекор понапред во чест на Кристијано Роналдо.
Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија добива монета од 7 евра со неговиот лик и неговиот бренд „CR7“, која ќе се издаде во лимитирано издание за колекционери.

Иако Роналдо веќе има музеј за неговата кариера, како и аеродром именуван по него во родната Мадеира, владата на Португалија реши да покаже респект за неговото последно достигнување од 900 погодоци во кариерата за репрезентација и клубовите за кои играл.
Со оглед на интересот за оваа специјална монета, се претпоставува дека цената на една паричка може да достигне и до 150.000 долари на една аукција.