РОНАЛДО: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖЕНО Е ВО ФИНАЛЕ
Објавено на: 28.03.2022
Знаеш дека си направил голема работа кога еден од најдобрите фудбалери кои играле на зелените терени признава дека заслужено си стигнал до финале.
Роналдо и Португалија утре ќе играат финале со нашата репрезентација, а на денешната прес конференција пред натпреварот ги пофали нашите момци.
Сакавме да играме во ова финале и ќе настапиме со многу самодоверба. За нас овој натпревар е натпревар на кариерите и сигурен сум дека ќе победиме доколку настапиме како што игравме во четвртокот.
Потоа продолжи:
Секако дека ќе имаме притисок и ќе биде тежок натпревар. Што Македонците стигнаа до овој дуел, тоа значи дека заслужено ќе играат рамноправно со нас. Станува збор за екипа која има многу добра организација и дисциплина. Но доколку одиграме како што знаеме, нема зошто да не победиме.