Фудбал

РОНАЛДО КАНИ УШТЕ ЕДНА ЅВЕЗДА, ОД ПСЖ, ВО АЛ-НАСР

Португалскиот фудбалер се обидува да го искористи својот авторитет, за да предизвика земјотрес во фудбалскиот свет со привлекување на нови големи имиња во лигата на Саудиска Арабија.

Кристијано Роналдо упатил отворена покана до поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Серхио Рамос да му се придружи во редовите на богатиот фудбалски клуб, кој сигурно нема да штеди пари за него.

Договорот на шпанскиот интернационалец, кој пред неколку дена и официјално стави крај на репрезентативната кариера, истекува следното лето и прва опција за него е ПСЖ.

Но, ќе видиме што ќе се случи, затоа што понуда од Саудијците тешко се одбива…