АКО ГО ЗАГУБАТ МБАПЕ, ЌЕ НАПАДНАТ ЕДЕН ОД КРАЛЕВИТЕ?
Објавено на: 26.02.2023
Парижаните се свесни дека ќе го загубат францускиот репрезентативец, кој по се изгледа ќе заврши во редовите на најтрофејната европска екипа, иако трансферот во текот на летото пропадна.

Се чини дека секирите меѓу Килијан Мбапе и Реал Мадрид се закопани, затоа што и двете страни сфаќаат дека се родени една за друга, па дилот е се поизгледен, најмногу на штета на ПСЖ.

Во тој случај, францускиот шампион е подготвен да напаѓа еден од фудбалерите на Кралскиот клуб, ни помалку, ни повеќе, туку бразилскиот ас Винициус, како одговор на атакот на Реал.

Договорот на Мбапе истекува 2024-та година, со можност за продолжување на уште една, но ПСЖ изгледа дека нема да ризикува и ќе сака да го продаде уште летово, за да заработи некој динар.