Фудбал

РОНАЛДО СЕ ИЗНАСМЕА КОГА ПОЗНАТИОТ КЕЧЕР ГО КРЕНА ТРОФЕЈОТ НА ПРИЈАТЕЛСКИ КУП (ВИДЕО)

Ал-Наср и Ал-Хилал во овие моменти играат за титулата во пријателскиот куп, а церемонијата во пресрет на мечот беше во најмала рака драматична. Во пресрет на натпреварот, целосна претстава со ефекти, огнови и светлечко шоу, го најави појавувањето на популарниот кечер „The Undertaker“, испратен со неговата химна, кој беше задолжен да го претстави трофејот за кој двете екипи ќе водат битка.

Прошетката до другата страна на теренот траеше доста долго, а кога конечно дојде моментот да се покаже пехарот, Кристијано Роналдо реагираше така што го исмејуваше целиот циркус и претераното шоу за турнир од пријателски карактер.