Фудбал

ЛЕЈКЕРСИ ЈА ПРЕТСТАВИЈА СТАТУАТА НА КОБИ ПРЕД АРЕНАТА (ВИДЕО)

Коби Брајант постхумно е овековечен со статуа пред „Стејплс центарот“, односно по ново „Крипто арената“, во пресрет на вчерашниот дуел меѓу Лејкерс и Денвер. Статуата е изработена според неговиот поздрав кон публиката по историскиот меч во кој Коби постигна 81 поен против Торонто, на 22 јануари 2006 година, носејќи го дресот со број 8 и прстот насочен кон небото.

Под самата статуа испишана е негова позната изјава: „Спортот го напушташ така што ќе оставиш подобрен отколку кога почна да го играш. А, кога ќе дојде време да заминеш, замини како легенда“.

На церемонијата присуствуваа неговото семејство, поранешниот соиграч на Коби, Дерек Фишер, легендарниот тренер Фил Џексон, како и кошаркарската икона Карим Абдул-Џабар.