Фудбал

НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊАТА ОКОЛУ ГРОБОТ НА ЧИРО БЛАЖЕВИЌ

Легендарниот хрватски фудбалер и тренер Мирослав Чиро Блажевиќ, почина на 8 февруари пред една година. Неговото тело почива во Загреб, каде што на неговиот гроб досега требаше да биде поставена статуа во негова чест, меѓутоа ветувањата не се исполнети поради семејни проблеми.

Според хрватските медиуми, ќерката на Чиро моментално се тужи со нејзините брат и мајка околу имотот, па тоа прави застој во намерата да се овековечи ликот и делото на некогашниот фудбалер и тренер на Динамо Загреб.

Наместо статуа, над гробот на Чиро и натаму стои крстот, а нема ниту спомен плоча.